Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пристигна поддршката од ЕУ вредна 80 милиони евра, европскиот пат носи придобивки, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Напредокот во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ носат придобивки за граѓаните, државата и економијата, вели СДСМ

— реклама —

„Пристигна грантот од 80 милиони евра од ЕУ, како буџетска поддршка за ублажување на кризата.

Грантот од 80 милиони евра од ЕУ е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.

— реклама —

Станува збор за средства кои се веќе достапни и се дел од пакетот антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра што Владата предводена од СДСМ ги донесе.

— реклама —

Сето ова е сериозна поддршка на дело за нашата држава од страна на Европската Унија

ЕУ не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во време на светска криза, докажувајќи дека е многу повеќе од финансиска поддршка со која ни помага во забрзување на трансформацијата на општеството и подготвувањето на Северна Македонија за полноправно членство во европското семејство.

— реклама —

Владата, парламентарното мнозинство и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на реформите кои ја забрзуваат европската интеграција и носат придобивки за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања