Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утрово на Меѓународниот аеродром Скопје го пречека Министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија, Петар Сијарто кој во рамките на посетата донесе помош од 100 илјади заштитни маски и 5 илјади заштитни скафандери.
Сијарто на скопскиот аеродром беше пречекан од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи наќе Чулев.
-Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија, изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Република Унгарија за земјава.
-Дозволете да се заблагодарам за цврстата и гласна поддршка за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Вархеји, кому најмногу може да му се препише заслугата за експресното усогласување на новата методологија и, секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава , истакна Османи.
Сијарто негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и со други високи претставници на земјава.
фото: РЕПУБЛИКА.МК