Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пристигнуваат првите бројки од Брвеница: Големи разлики меѓу кандидатите по населени места, кој ќе биде победник - ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryl6n3ivue6g2naccS29A

Пристигнуваат првите неофицијални резултати од вториот круг на изборите за градоначалник на Брвеница, каде што се соочуваат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ, со поддршка од ВЛЕН, и Аркин Јахији од коалицијата предводена од ДУИ.

Според неофицијалните информации до кои дојде „Скопје1“, во Челопек, од шест избирачки места, кандидатот на ДУИ освоил 1.577 гласа, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ добил 209 гласа. Разликата изнесува 1.368 гласа.

— реклама —

Во Теново, според доставените вкупни резултати, ДУИ има 349 гласа, а ВМРО-ДПМНЕ 225 гласа. На избирачкото место 2047 во истото населено место резултатот е 165 гласа за ДУИ и 138 за ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во Гургурница, според неофицијалните податоци од двете избирачки места, кандидатот на ДУИ добил 396 гласа, а кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ 13 гласа.

Од друга страна, на избирачкото место 2035 во Брвеница, Стојанчо Радичевски добил 762 гласа, а Аркин Јахији шест гласа, додека девет ливчиња биле неважечки.

— реклама —

Бројките покажуваат значителни разлики во распределбата на гласовите меѓу одделните населени места, но засега не овозможуваат да се утврди конечниот резултат на ниво на целата општина.

Во вториот круг Радичевски требаше да ја има поддршката од ВЛЕН, додека Јахији настапува како кандидат на коалицијата предводена од ДУИ.

Станува збор за неофицијални информации од дел од избирачките места. Се очекува Државната изборна комисија да ги објави официјалните резултати од гласањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања