Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Притвор за двајца албански државјани осомничени за тешки кражби во Гостивар​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zatvor

Гостиварското обвинителство поведе постапка против двајца државјани на Република Албанија, за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со членовите 22 и 45 од Кривичниот законик.

Осомничените, како соизвршители, со употреба на штрафцигер, преку подрумските простории, насилно влегле во две куќи во гостиварско, од каде одзеле телевизор, таблет, рачни часовници, накит и други вредни предмети.

— реклама —

На 22 март полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа во која престојувале осомничените, кои биле затекнати и лишени од слобода, а биле пронајдени и противправно одземените предмети од кривичните дела.

Постапувајќи по поднесениот предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар на осомничените им определи мерка притвор во траење од осум дена.

— реклама —

 

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања