Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Притвор за кумановец - пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
marihuana

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 34-годишен кумановец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот Законик.

— реклама —

Осомничениот на 27.08.2020 година, во Куманово, неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога- марихуана. Тој прeвезувајќи се во возило марка „Фолксваген Шаран“ ја пренесувал дрогата скриена во возилото под предната хауба, до акумулаторот. Дрогата – марихуана спакувана во едно пакување со тежина од 205,37 грама, при извршената контрола  од страна на службените лица, на локалниот пат Куманово-с.Арачиново, во с.Умин Дол, е пронајдена и одземена.

— реклама —

Надлежен јавен обвинител поради опасност од бегство на осомничениот, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување на мерката притвор. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомниченото лице му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања