Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Притвор за лице кое опожари возило во Берово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zatvor

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против беровец, за кој постои основано сомневање дека го сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото и имотот од големи размери. Тој со запалива течност – бензин полил, а потоа и запалил патничко моторно возило марка Пасат, паркирано на паркинг простор лоциран на улицата „Кеј на Младина“ во Берово. Во непосредна близина на возилото биле паркирани уште две возила, имало дрвен столб за ниско напонска мрежа и станбена зграда со 40 стана. Со неговите дејствија, осомничениот целосно го опожарил возилото и предизвикал поголема имотна штета во висина од 180 000 денари.

— реклама —

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Кочани поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.​

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања