Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Притвор за лице кое се обидело да пренесе 40 мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
migranti_kola

— реклама —
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик.

— реклама —

— реклама —
Обвинетиот, на 26.02.2020 година на  претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од Авганистан и четири мигранти од Пакистан. Мигрантите ги сместил во товарно моторно возило „Пежо“ и започнал да ги превезува кон Куманово по меѓународниот пат А-2 во правец од Радовиш кон Штип. Кај Неготино возилото било забележано од полициските службеници кои со светлосен сигнал му дале знак да запре, но обвинетиот продолжил да се движи кон Штип, а полициските службеници тргнале по него. Кај с.Лакавица обвинетиот го запрел возилото и бил лишен од слобода. Во возилото кое неколку дена претходно било пријавено за украдено биле пронајдени четириесетте мигранти.

— реклама —

Ценејќи дека се исполнети условите надлежниот обвинител заедно со обвинителниот предлог достави и предлог мерката притвор определена од Судија на претходна постапка да биде продолжена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања