Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Притвор за полов напад врз дете во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

— реклама —

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено  кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето.  Откако детето на возраст од 12 години му се приближило, осомничениот го извршил делото кое му се става на товар.

— реклама —

Јавниот обвинител оцени дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, страв дека ќе ги сокрие трагите од кривичното дело или ќе го повтори делото, па во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка до Основниот суд Тетово достави Предлог за определување мерка притвор. Предлогот на обвинителството беше прифатен, па со Решение на судијата на претходна постапка, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања