Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Притвор за разбојникот кој сакајќи да скине златен ланец од врат на минувач, ја влечел за земја​

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Осомничениот на 9.9.2020 година околу 18,45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил  златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине. Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и  да го одземе со намера противправно да го присвои.

— реклама —
— реклама —

Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка​, јавниот обвинител кој постапува во предметот,  до надлежниот суд поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судот кој на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања