„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Притвор за татко и син – дилери на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
marihuana

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица  за кои постои основано сомнение дека го извршиле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син  како соизвршители заради продажба држеле 9450,00  грама наркотична дрога марихуана. На 30 август, позади бензинска пумпа во Тетово, осомничените го паркирале нивното патничко моторно возило марка „БМВ“ со цел да вршат продажба на дрогата. Полициски службеници од СВР Тетово, го забележале  возилото и дрогата во него, па веднаш го заплениле.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека има потреба од обезбедување на присуство на осомничените за непречено водење на истражната постапка, па од тие причини до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор. Судот на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања