Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Притвор за тепачите на девојката од Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
devojka-pretepana

Судот определи притвор за тепачите кои малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена, додека Овинителството да донесе одлука дали ќе поднесе обвинение против нив.

Момчињата се гонат за кривичното дело насилство. Осудмневниот притвор е максимален што може да се определи за двајцата штипјани, бидејќи за делото за кое се сомничат, превидена е казна затвор до пет години.

— реклама —

Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Притворот за двајцата тепачи е определен по барање на Обвинителството.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, како и поради постоење на околности кои укажуваат дека осомничените ќе го повторат кривичното дело, обвинителството претходно го достави предлогот за определување притвор за двајцата осомничени.​

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања