Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Притвор за тројца прилепчани кои пренесувале дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
marihuana

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против три лица, сите од село Дебреште, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Првоосомничениот неовластено заради продажба организирал пренесување, а второ и третоосомничениот неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога хашиш во количина од 14.472,8 грама спакувана во една најлонска вреќа и наркотична дрога марихуана во количина од 31.147,4 грама спакувана во три најлонски вреќи. Откако претходно првоосомничениот ја набавил наркотичната дрога од непознато лице, му кажал на второосомничениот од каде да ја подигне за да ја пренесе до м.в.Песјо Брдце-Прилеп, каде што требало да се изврши купопродажбата на наркотичната дрога. На  4.09.2020 година второосомничениот заедно со третоосомничениот ја подигнале дрогата и ја ставиле во возило во сопственост на третоосомничениот, по што околу 20,30 часот пристигнале на договореното место. Третоосомничениот ги извадил четирите вреќи со наркотичната дрога и ги ставил покрај патот, а второосомничениот се упатил кон комбе кое претходно било паркирано  во кое сметал дека се наоѓа купувачот на дрогата, при што бил пресретнат и фатен од страна на овластени полициски службеници.

— реклама —

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп  до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања