Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Приватизирал државен имот во Визбегово со лажни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
policija-3-640x382

Скопјанец успеал да извади лажни документи за државен имот и да го приватизира за дурго лице од кое наплатило 30 илјади евра за услугата.

— реклама —

МВР откри дека единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје веќе поднела кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама" по чл.247 од Кривичниот законик.

— реклама —

- Пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000.евра пред надлежните органи ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 13.764 квадратни метри на катастарска парцела во Визбегово.

— реклама —

Тој во 2016 година обезбедил лажен документ - Решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост стекнато без платен надомест, наводно издадено од Министерството за финансии, Управа за имотно правни работи - Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кратово, во кое што било наведено дека поднесеното Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост од оштетениот се уважува и земјиштето во државна сопственост се приватизира - се наведува во соопштението од МВР.

Што е уште позначајно „решението било заверено на нотар и спроведено во Агенцијата за катастар на недвижности на основа на што било издаден имотен лист на име на оштетениот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања