Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје, но, според најавите, од 10 часот изутринава нивни автобуси ќе има само на бул. „Илинден“.
Тие ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст.
Возачите настојуваат Град Скопје да го подмири долгот што го има кон нив, бидејќи во спротивно, како што најавуваат, протестите ќе продолжат и во иднина.
Град Скопје денеска ќе објави јавен повик за линиите 20 и 22, но возачите велат дека одлучиле да не се пријават.