„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Приведен 32-годишен скопјанец поради тешка кражба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
policija-3-640x382

Од страна на МВР поднесена е кривична пријава против  А.Н.(32) од Скопје поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, една „Кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ и една „Тешка кражба“ предвидено и казниво согласно член 236 од КЗ на РМ  при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 45.000 денари.

— реклама —

Првото кривично дело пријавениот го извршил на 15 април годинава околу 21,40 часот  во стан на улица „Петар Ацев“ во Скопје на тој начин што се прекачил преку терасата и преку надворешната врата од терасата која била отворена влегол внатре во станот. Откако извршил пребарување бил затекнат од оштетената и истиот во брзање од дневната соба успеал да одземе еден лап топ и го напуштил местото на настанот.

Второто кривично дело пријавениот го извршил на 02 септември во стан на улица „Петар Ацев“ на тој начин што се прекачил преку прозорeцот од кујната кој бил отворен, насилно го отворил комарникот, и влегол внатре во станот, од каде одзел ЛЦД телевизор, еден мобилен телефон, разновиден златен накит и два паричници во кои имало лични документи и пари и го напуштил местото на настанот.

— реклама —

Украдените предмети дел ги продал на пазарот во Шуто Оризари, а дел ги заложил во заложна куќа, од каде заложените предмети со потврда се одземени и вратени на оштетените.

На 04.10.2018 година во Полициската станица Аеродром лишен е од слобода пријавениот А.Н.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања