Промени тема
Контакт

Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library9e9f9mqh3e0daePfi5N
Илустрација / Скопје1

На 2 октомври во 17:40 часот, во атарот на село Голозинци, Општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода 35-годишниот С.А. од село Мелница.

— реклама —

Кај местото викано „Мелничка Река“, полицајците запреле трактор „Форд“ без регистарски ознаки со приколка, управуван од С.А. Во тракторот имало и 17-годишен малолетник од Мелница.

При контролата било констатирано дека во тракторот имало натоварено огревни дрва без жиг и боја и без соодветна документација.

— реклама —

При пребарување на теренот каде што била извршена нелегална сеча, полицијата пронашла и дополнителна количина бесправно исечени дрва.

— реклама —

Дополнително, при извршените проверки било утврдено дека С.А. го управувал тракторот без да поседува возачка дозвола.

По насоки на јавен обвинител, тракторот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.

— реклама —

С.А. бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryo9q0tri06gplfmWov7s

Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин

Македонија | пред 10 часа

media-librarylvack7o1p1soembBNEc

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

Македонија | пред 10 часа

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања