Полицијата привела 46-годишен жител на гостиварско село по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга и ѝ упатувал закани.
Од ОВР Гостивар соопштија дека на 10 август, во 16:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода С.М. (46), постапувајќи по претходна пријава.
Според пријавеното, околу 11:30 часот во деловен објект во Гостивар, тој физички ја нападнал својата 47-годишна сопруга и ѝ упатувал закани.
С.М. е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.