ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Приведен Битолчанец, лажел дека е грабнат за да изнуди пари од родителите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и СВР Скопје, а постапувајќи по наредба на ОЈО Битола околу 19 часот на 15.12.2019 на ул. Шуто Оризари во Скопје го лиши од слобода М.К. (29) од Битола поради основано сомнение дека е инволвиран во фингирано извршување на кривични дела грабнување и изнуда.

— реклама —

Имено, на 14.12.2019  Б.К., татко на М.К., во СВР Битола пријавил кривични дела грабнување и изнуда при што наводна жртва е неговиот син. По насоки на ОЈО Битола веднаш се преземени оперативно технички мерки и дејствија и случајот е расчистен односно утврдено е дека станува збор за фингиран настан, во кој покрај М.К. се инволвирани уште неколку лица, со кои М.К. бил во претходен договор со цел да изнудат пари од родителите. М.К. и претходно е пријавуван за кривични дела, издржувал затворска казна, а имал и долгови кон различни лица.

М.К. е приведен додека влегувал во возило „алфа ромео“,  сопственост на неговиот татко, за кое возило, М.К. тврдел дека со него е грабнат, а кај него биле и дел од парите кои биле предвидени за негов наводен откуп, а претходно технички обработени.  По документирање на случајот, СВР Битола ќе поднесе соодветен поднесок до ОЈО Битола.

— реклама —

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања