Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Приведен дилер од Валандово, пронајдени две вреќи со марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
UaYct-

Секторот за внатрешни работи Струмица - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава протов Д.П.(47) од село Брајковци, валандовско,  поради основано сомневање за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

— реклама —
— реклама —

На 30.12.2018 година со Наредба за претрес на домот и помошните  простории  од страна на судија на претходна постапка  извршен е претрес кај пријавениот. При извршениот претрес во домот и помошните простории кај пријавениот, пронајдени се едно пластично буре, осум картонски кутии  и две книжни вреќи  со марихуана. Со потврда за привремено одземени предмети пронајдените предмети се одземени, пријавениот е лишен од слобода  и задржан во просториите на ПС од ОН Гевгелија. По извршено вештачење констатирано е дека се работи за марихуана  со нето тежина од 7,6 килограми.

— реклама —

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања