Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Приведен крадец, расчистени повеќе кривични дела, пронајдените предмети и возило ќе им бидат вратени на сопствениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вчер,а во 11 часот, во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е. Б. (21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела тешка кражба, кражба и одземање моторно возило на подрачјата на Радовиш и Струмица.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Во службениот разговор во полициска станица тој признал дека извршил една тешка кражба, една кражба и дека одзел едно моторно возило на подрачјето на Радовиш, како и една кражба и едно одземање на моторно возило на подрачјето на Струмица.

— реклама —

— реклама —

Кај него биле пронајдени возило и други предмети, кои ќе им бидат вратени на сопствениците. Е. Б. бил задржан во полициска станица, запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на настаните против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања