Промени тема
Контакт

Приведен криумчар на мигранти од Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
migranti

На 11.03.2021 околу 21.30 часот во близина на бензиска пумпа и мотел на автопатот кој води од Табановце кон Скопје од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Сопот лишен е од слобода Б.Е.(35) од Р.Албанија, кој управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“.

— реклама —

Имено, околу 21.15 часот на стариот пат за с.Табановце, на исклучок на земјен пат кој води кон напуштени објекти кон с.Речица, од полициски службеници било забележано дека возилото запрело и од него излегле неколку лица мигранти кои се упатиле кон Табановска Река. По извршено пребарување на теренот, околу 23.30 часот пронајдени се 8 лица мигранти, од кои 5 од Пакистан, 2 лица од Мали и 1 лице од Сомалија.

— реклама —
— реклама —

Б.Е. е приведен во полициска станица во СВР Куманово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти се пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања