Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Приведен полицаец - со службениот пиштол пукал пред угостителски објект во Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pistol_001

Полицаец е приведне откако со службениот пиштол пукал пред угостителски објект во Крива Паланка. Имено изутринава околу 1,10 часот во Полициска станица Крива Паланка било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул.,,Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, Т.Т., полициски службеник, испукал пет куршуми во воздух од службен пиштол, по што го напуштил местото на настанот.

— реклама —

Подоцна тој бил лишен од слобода,а кај него и во возило „пежо“ управувано од Т.Т. при извршен преглед биле пронајдени и одземени: пиштол „ЦЗ“ , една рамка за муниција за пиштол „ЦЗ“, 10 куршуми, една рамка со 30 куршуми и лични предмети, а од местото на настанот биле подигнати 2 испукани чаури за понатамошна постапка.

— реклама —

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка. За настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања