Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarypvhhpr2q7nrfbngBKzG

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е приведен во рамки на истрага што ја спроведува Финансиската полиција, а која опфаќа вкупно 16 лица и три компании, како што пренесуваат извори од Финансиската полиција.

— реклама —

Според информациите, Финансиската полиција реализира координирана акција насочена кон повеќе физички и правни лица, за кои постојат сомневања поврзани со предметот што се истражува.

— реклама —

Неофицијално, при претрес во домот на Ѓорѓиоски биле пронајдени парични средства во готовина. Засега не се соопштуваат детали за износот, ниту за нивната евентуална поврзаност со истрагата.

Од надлежните институции сè уште нема официјално соопштение за природата на случајот и за евентуалните кривични дела што се предмет на постапката. Се очекува во текот на денот Финансиската полиција, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да излезат со повеќе информации.

— реклама —

Илчо Ѓорѓиоски беше претседател на Фудбалската федерација на Македонија од 2012 до 2018 година.

— реклама —

Според досегашните информации, истрагата е во тек и се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања