Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Приведен српски државјанин: возел со 158 км/ч на автопатот Демир Капија – Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library7rdsc9pt7s0s8oy3ygH
Фото: ФБ / МВР

Системот „Безбеден град“ регистрирал возач кој се движел речиси двојно побрзо од дозволеното на автопатот Демир Капија – Гевгелија. Станува збор за 59-годишен државјанин на Србија, кој бил лишен од слобода два дена подоцна, при обид да ја напушти државата преку Граничниот премин Табановце.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 22 ноември во 19:40 часот, на излез од државата, полициски службеници го привеле Ѓ, објави 4news.mk К. (59) од Србија, кој управувал патничко возило „ауди“ со српски регистарски ознаки.

— реклама —

При проверката било утврдено дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Според евиденцијата, на 19 ноември на автопатот Демир Капија – Гевгелија, тој возел со брзина од 158 километри на час, иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

— реклама —

Лицето било спроведено во Полициската станица Неготино, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

„Сејф сити“ регистрира „дивеење“ со 231 км/ч на обиколницата – системот догодина ќе покрива цела Македонија

Скопје | пред 11 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања