„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Приведен тетовец, запленети над 9.000 пиротехнички средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
petardii

Денеска во СВР Тетово, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција и СВР Тетово, лишен е од слобода Љ.А.(27) од с.Селце.

— реклама —

Имено, при преземање мерки и активности од страна на полициски службеници во 13.40 часот пред поштата во Тетово е затекнато патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, паркирано од приведениот и при преглед во него се пронајдени 9.163 парчиња на различни пиротехнички средства и 87 ракети, сместени во багажникот и во задното седиште.

Љ.А. е приведен во полициска станица, а возилото е однесено на увид во кругот во СВР Тетово. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Тетово, по документирање на случајот, против Љ.А. ќе биде поднесен кривичен поднесок, а возилото ќе му биде времено одземено.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања