Приведена 34-годишна жена за уцена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lisici

По преземени оперативни мерки, а по претходна пријава на В.П.(44) од Битола дека е уценуван, на 11.03.2020 во 14.45 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје ја лишиле од слобода Е.С.(34) од Скопје, со живеалиште во Битола. Според пријавеното, Е.С. се заканувала на В.П. дека ќе објави негови компромитирачки фотографии доколку не ѝ исплати 1.200 евра. Таа била лишена од слобода веднаш по примопредавањето на парите и во консултација со Основното јавно обвинителство, против неа ќе биде кривична пријава по брза постапка поради сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања