Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Приведени 5 лица во Скопје, користеле малолетни деца за питачење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
240646547_996452591177168_8429942148345254552_n

Одделенијата за криминалистички работи во единиците за внатрешни работи при СВР Скопје, во содејство со Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа - Скопје, во текот на изминатата недела преземаа мерки и активности за спречување на „питачење“.

— реклама —

Притоа, лишени од слобода биле Џ.Ш.(20), С.Р.(20), Е.М.(32) и Ф.С.(20), сите од Скопје, и М.А.(46) од Охрид. Џ.Ш., С.Р., Е.М. и М.А. биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите „Словенија“ и „Јадранска магистрала“, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања