„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Приведени четири лица кои биле затекнати во претходно затворен угостителски објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-i-inspekcija-3

На 19.12.2020, полициски службеници од СВР Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контроли во 229 угостителски објекти во однос на тоа дали се почитуваат мерките и одлуките на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на ковид-19.

— реклама —

При контролите било констатирано дека еден објект не ги почитува мерките, односно во објект на бул.„Јане Сандански“, кој претходно бил затворен со пломба, биле затекнати А.Д. и И.Г. од Скопје, М.Т. од Нов Дојран и Д.Т. од с.Самоков, Македонски Брод. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром поради сомнение дека извршиле кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“, предвидено и казниво по член 398 од Кривичниот законик.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

Исто така, при контрола во угостителски објект на подрачјето на Шуто Оризари, сопственост на Ј.Ф., од страна на Државниот пазарен инспекторат изречена е мерка нерегистрирана дејност од Закон за нерегистрирана дејност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања