ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Приведени четворица малолетници од Скопје за насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
policija-3

СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четири малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и против С.О., татко на 12-годишникот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

— реклама —

Според пријавеното, малолетниците на 06.12.2019 околу 19.30 часот на ул.„Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски", бил пуштен на домашно лекување.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

— реклама —

Кривична пријава ќе биде поднесена и против С.О., бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребило остар предмет при вршење на кривичното дело.

фото:Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања