Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
img1

Одделот за криминалистичка полиција - Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес – Одделение за внатрешни работи Неготино поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од с.Корешница, демиркаписко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

— реклама —

На 20.02.2020 во периодот од 11.30 до 13.30 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т. во Неготино, при што биле пронајдени кокаин и хероин, кои биле спакувани за улична продажба. Додека, во периодот од 14.15 и 15.30 часот бил извршен претрес во домот М.А.во сКорешница, при што биле пронајдени марихуана и амфетамин, кои биле спакувани за улична продажба..

Веднаш потоа, лицата биле приведени во полициска станица, а судија на претходна постапка им одредил притвор во траење од 30 дена.

— реклама —

Инаку, двете лица се познати дилери на дрога на подрачјето на Неготино и повеќе пати издржувале затворски казни за недозволена трговија со дрога. Пред еден месец и двајцата последен излегле од затвор и веднаш продолжиле со улична продажба на дрога.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања