Промени тема
Контакт

Приведени две лица кои се барале по потерница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

На 09.08.2024 година во 17,40 часот од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во село Студеничани,скопско, приведено е лицето М.А.(41) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 15.03.2024 година за приведување поради сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик на РСМ - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и истиот е осуден на казна затвор во траење од седум години и шест месеци, при што за доиздржување има уште една година, шест месеци и 20 дена.

— реклама —
— реклама —

Лицето е предадено во ПС ОН Драчево за понатамошна постапка. Денеска (10.08.2024 година) од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен Д.Д.(39) од Скопје. Лицето се барало со Централна потерница а по Наредба од Основен кривичен суд-Скопје од 26.06.2024 за Бегство од Казнено поправна установа Идризово, каде издржувал казна за сторено кривично дело по член 247 став 3 од Кривичниот законик на РСМ - “измама”, осуден на казна затвор во траење од пет години и девет месеци.

— реклама —
— реклама —

Лицето е предадено во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0it64005bv9c5Mu8fLE

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 12 часа

media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 12 часа

Нема фотографија

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања