На 25.12.2019 околу 21.50 часот на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Е.(24) и А.А.(38), двајцата од гостиварско Ростуше. При нивен и преглед на возилото „форд“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: Архива