Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Приведени криумчари на мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На 10.11.2019 околу 09.00 часот во близина на угостителски објект на регионалниот пат Валандово - Струмица, полициски службеници од СВР Струмица пронашле седум лица – мигранти, од кои шест од Сирија и еден од Ирак. По преземени мерки, полициските службеници, во близина на вештачко езеро во атар на с.Белотино, пронашле две патнички возила„ауди А8“, со скопски регистарски ознаки и од слобода ги лишиле Н.Б.(31) и Б.И.(37), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Мигрантите и Н.Б. и Б.И. биле предадени на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —
— реклама —

Истиот ден, во 17.30 часот кај манастирот „Свети Илија“, во близина на Граничниот премин „Меџитлија“, полициски службеници спречиле шест лица од Куба кои се обиделе илегално  да ја преминат државната граница од Р.С. Македонија во Р.Грција. Истовремено биле приведени и Р.Ќ.(37), возач на возилото „фолксваген транспортер“, со кое се превезувале и сопатникот Џ.С.(51), двајцата од Скопје. Кубанските државјани, заедно со Р.Ќ. и Џ.С. биле предадени во СВР Битола за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања