ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Приведени лица во тетовско, поради непочитување на работното време на угостителски објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
policija-i-inspekcija-3

Во периодот од 22.55 часот на 31.12.2020 до 01.40 на 01.01.2021 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект и казино во с.Жеровјане, тетовско, кои работеле по дозволеното време и во нив престојувале гости. Притоа, од слобода биле лишени А.А.(30) од с.Боговиње, тетовско, и Б.П.(29) од Тетово, одговорни лица во објектите. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и ќе им бидат изготвени записници по чл.206 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Исто така, во објектот бил приведен и Б.К.(50) од с.Форино, гостиварско, поради агресивно однесување и непостапување по наредба на полициски службеник. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

— реклама —

На 31.12.2020 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.А.(57) од с.Порој, тетовско, сопственик на угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, кој работел по дозволеното време и во кој престојувале неколку гости. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и ќе му биде изготвен поднесок по чл.206 од Кривичниот законик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања