Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Приведени седум лица кои биле фатени со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
marihuana2

На 09.06.2023 во 16.55 часот во Кочани, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при Полициската станица Кочани го привеле И.Р.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 10.06.2023 во 03.10 часот на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.06.2023 во 14.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 10.06.2023 во 02.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Х.(29) од с.Добридол, гостиварско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 10.06.2023 во 01.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Б.(20) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.06.2023 во 16.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ја привеле Н.А.(19) од Кавадарци затоа што кај неа бил пронајден и одземен хероин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 09.06.2023 во 10.30 часот во Полициската станица Прилеп, од Казнено-поправната установа Затвор Прилеп било пријавено дека кај осуденикот Р.А.(38) од Прилеп била пронајдена и одземена марихуана. Полициски службеници од Полициската станица Прилеп извршиле увид и ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања