Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Приведени шест лица за семејно насилство во повеќе градови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани седум случаи на семејно насилство, при што шест лица се лишени од слобода, информираат од МВР.

— реклама —

Во Скопје, на подрачјето на Карпош, бил лишен од слобода Б.Ѓ. (41), откако физички ја нападнал својата сопруга и ѝ упатувал закани. Во друг случај во скопско, Н.Д. (45) ја нападнал сопругата, искршил дел од покуќнината и со остри предмети упатувал закани, при што во инцидентот биле повредени и нивните деца.

Во Центар, бил лишен од слобода државјанин на Хрватска, по пријава дека физички ја нападнал својата партнерка и нејзината сестра, при што биле упатени и закани, а бил оштетен и дел од покуќнината. Подоцна и тој пријавил дека бил нападнат од партнерката.

— реклама —

Во Куманово, малолетник од 13 години бил згрижен во згрижувачко семејство по пријава дека бил психички малтретиран и избркан од домот од страна на неговиот татко. За случајот е известен јавен обвинител.

— реклама —

Во Кичево, бил лишен од слобода 26-годишен маж по пријава од неговата поранешна сопруга дека била физички нападната од него и друго лице.

Во Богданци, 37-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.

— реклама —

По целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 10 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 11 час

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања