„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Приведени странски државјанки во угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

На 26/27.01.2019 година во временскиот период од 22,00 до 04,00  полициски службеници при Секторот за внатрешни работи Тетово во содејство со повеќе организациски единци во МВР, како и надлежни инспекциски служби при УЈП, Трудова и Пазарна инспекција, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти каде престојуваат и нелегално се вработени странски државјани, како и за откривање на други кривични дела.

— реклама —

При акциската контрола опфатени се пет угостителски објекти од кои три на подрачјето на Тетово и два на гостиварското подрачје. При контролата во угостителските објекти затекнати беа вкупно 39 женски лица од кои 13 се државјанки на Р. Македонија како и 26 странски државјанки од кои 11 се државјанки на Р.Србија, девет се државјанки на Р.Албанија, четири државјанки на Р.Бугарија, една државјанка на Босна и Херцеговина и една државјанка на Р.Косово. Затекнатите лица се на возраст од 20 до 46 години. Лицата се приведени и задржани за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања