Промени тема
Контакт

Приведени вработен во АНБ и полициски службеник за измама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
lisici

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Измама“ по член 247 во врска со чл22 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, вработен во АНБ во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот М.А. и неговиот внук Р. А., на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените.

— реклама —

Имено, пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.

— реклама —

За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила на 08.12.2020, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра. Двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања