Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Приведено и второто осомничено лице за палењето во Старата скопска чаршија, определен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-10-04-at-10.46.08

По преземени мерки и активности, на 03.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(18) од с.Студеничани, скопско, кој беше баран по централен распис.

— реклама —

Тој се сомничи дека на 28.08.2023 околу 04.00 часот на ул.„Градиште“ во Стара чаршија во Скопје со малолетник од с.Моране, скопско, предизвикале пожар во угостителски објект. Малолетникот, претходно беше лишен од слобода, а во домовите на двајцата беа извршени претреси, при што во домот на малолетникот беа пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

— реклама —

Од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје против двајцата беше поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општа сигурност” во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност”. Б.А. е изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања