Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Приведено лице од Чучер Сандево, пронајдени две товарни возила со огревно дрво без документација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Вчера во 18.40 часот кај место викано „Две Реки“ на Скопска Црна Гора, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода 47-годишниот С.А. од село Брест, општина Чучер Сандево, извести МВР.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

– Имено, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кои биле натоварени со огревно дрво без жиг и без соодветна документација за транспорт, соопшти МВР.

— реклама —

— реклама —

За настанот било известено Јавното претпријатие „Национални шуми“, а лицето и возилата биле предадени во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања