Приведено уште едно лице од случајот „Планина“ кое се гони за продажба на дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против Е.З. обвинет во предметот познат во јавноста како „Планина“. Обвинетиот од 27 март минатата година до 24 февруари годинава беше недостапен на органите на прогонот. Со дејствијата опишани во 16 точки во Обвинителниот акт обвинетиот Е.З сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 3 вв ст.1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според Обвинителниот акт, обвинетиот, како член на мрежа на препродавачи и посредници, во повеќе наврати воспоставувал контакти со заинтересирани купувачи и неовластено продавал наркотична дрога – кокаин. Е.З неовластено продавал по еден килограм наркотична дрога кокаин месечно, а за продадената дрога од организаторите на криминалната група како награда добивал процент од постигната цена која се движела во износ од за 4000 до 5000 денари по 1 (еден ) грам – кокаин.

— реклама —

Имајќи предвид дека обвинетиот беше во бегство, како и специфичноста, видот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување, карактерот и висината на предвидената казна за кривичното дело што му се става на товар, јавниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор спрема обвинетиот.​​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања