„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Приведеното момче со миленик раскажува што се случило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Maz-i-kuce

По снимката која се рашири на социјалните мрежи на која се гледа дека поголема група полицајци апсат момче со куче Поради тоа што било подалеку од домот за време на полициски час , Досие.мк ја објави и изјавата од приведеното момче. Изјавата која ја објави ДОСИЕ.МК ви ја пренесуваме во целост.

— реклама —

-Бев од изутрина кај моето другаре уште кога беше терминот за шетање на миленик од 08:00 до 08:30, се задржав кај него до 14:50 часот, а следен термин е во 15 часот за шетање на миленик. Кога излегов од неговиот дом а јас живеаам на 600 метри од него на половина пат од мојот дом ме сопре полиција, ме праша каде одам, му кажав дека си одам дома со мојот миленик и бев да го прошетам, ме прашаа дали знаеш дека не смееш да бидеш одалечен од својот дом повеќе од 100 метра? им одговорив да јасни ми се мерките и дека не живеам на 5 километри туку живеам во близина, и си одам дома сега и нема да ми се повтори.

Полицијата почнаа да ме испрашува зошто лажам, им кажав дека не лажам, тогаш еден од полицијата ми кажа дека ќе мора да бидам приведен и во станица да дадам изјава, јас и на тоа не се спротиставив и заедно со моето милениче влеговме во комбе. Искрено не сакав ова да дојде до интернет зошто јас не ја ни ставив таа снимка, но кога ги прашав во станица што ќе биде со ова и дали ќе бидам казнет, тие ми кажаа дека јавен обвинител треба да ја одреди казната, но не ми дадоа никаков документ па што ќе биде во иднина не знам, пишува Досие.мк.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања