Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
stop-policija

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот Партизански одреди, од денеска  ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

— реклама —

Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот Партизански одреди, од мостот Обединети Нации  до ул. Московска, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица Московска  (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.

За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. Партизански одреди, ќе се пренасочат преку ул. Адолф Циборовски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. Московска.

— реклама —

Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот Обединети нации, на должина од два километра.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања