„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Привремен сообраќаен режим на улицата Антон Попов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
42465215_1995261163853419_3550302108123136000_o

Град Скопје информира дека поради извршување градежни работи во рамките на реконструкцијата на улицата Антон Попов, од денеска, па сè до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим.

— реклама —

„Привремениот сообраќаен режим се воведува на потегот од крстосницата со улицата Павел Шатев до крстосницата со улицата Димо Хаџи Димов (кај „Шампионче“). За време на извршувањето на градежните работи на оваа траса ќе биде забранет сообраќајот за тешките товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз, кои ќе се пренасочат и ќе се движат по булеварот Борис Трајковски“, стои во соопштението на Град Скопје.

Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања