Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Привремено вработените од „Водовод“ си одат дома: има сериозен недостаток на водоинсталатери и инкасатори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
Screenshot-2023-11-03-at-17.33.25

На седница на Управниот одбор на ЈП Водовод и Канализација, претседателот на Управниот одбор Идриз Орана со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, тврди Драган Илиевски, директор на претпријатието.

— реклама —

„Во исто време ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за превработеноста во претпријатието од времето на нивното владеење, кога станува збор за вработувања на административните позиции на кои се наоѓаат нивните партиски војници. И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа.

— реклама —

Секако, за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП “Водовод и канализација“ до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“.

— реклама —

Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП „Водовод и канализација“ кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода. За ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања