Призма: Избеган украински политичар, добил македонско државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Naslovna-_Onyshchenko-3gsbfb9j6g8mjds00i7g8w

„Македонскиот репрезентативец во коњички скокови Олександр Онишченко освои седмо место во Сен Тропе“. Вака би се очекувало да гласи насловот што би се проширил во спортскиот свет во Македонија откако во октомври овој Украинец, кој има и руско државјанство, се натпреваруваше под македонското знаме, пишува Призма.

— реклама —

Tаква вест не може да се најде во спортските медиуми. Всушност, името на Олександр Онишченко воопшто не може да се пронајде напишано на македонски јазик.

— реклама —

Но, на англиски јазик се појавува веднаш. На листата на санкционирани личности од Соединетите Американски Држави, на која е ставен во јануари 2021 година, поради тоа што е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори“.

— реклама —

На украинската политичка сцена, името на Онишченко се спомнува како на поранешен пратеник што избегал од земјата во 2016 година, откако Антикорупциската комисија отворила истрага за него за перење пари и корупција.

Пет месеци откога го добива македонското државјанство, тој настапува под македонското знаме на натпревар во коњски скокови, во Сен Тропе. Видеото од натпреварот го објавува на својот инстаграм-профил на 15 октомври. Профилот сведочи за гламурозниот живот на новиот македонски државјанин, кој често патува од Монте Карло до Обединетите Арапски Емирати и до други познати европски туристички дестинации.

Повеќе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања