Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Признание за жената мачена во озлогласениот затвор: Која е Наргес Мохамади, добитничка на Нобеловата награда за мир

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Иранката Наргес Мохамади (51) е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година.


Како што е наведено од Комитетот, таа ја добила наградата за борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзините напори да ги промовира човековите права и слободата за сите.

— реклама —


Во образложението на наградата се наведува дека храбрата борба на Наргес Мохамади имала огромна лична цена.


„Севкупно, иранскиот режим ја апсеше 13 пати, ја осуди пет пати, со вкупно 31 година затвор“, рече Берит Рајс-Андерсен, шеф на Нобеловиот комитет во Осло.

— реклама —

Наргес Мохамади се уште е во затвор.


Таа е ирански активист и заменик-шеф на Центарот за бранители на човекови права, основан од нобеловката Ширин Ебади.


Мохамади беше апсена повеќе пати од 1998 година и моментално се наоѓа во озлогласениот затвор Евин во Техеран поради „ширење пропаганда“.


Оваа година таа беше вклучена и на листата на 100 инспиративни и влијателни жени на „Би-Би-Си“ од целиот свет.

— реклама —

Во декември минатата година, за време на протестите предизвикани од убиството на Махса Амини во притвор, Наргес Мохамади во извештајот објавен од Би-Би-Си детално го опиша сексуалното и физичкото малтретирање на притворените жени.


Во јануари оваа година, таа објави шокантен извештај од затворот во кој детално ги опишува условите на жените во затворот Евин, вклучително и список од 58 затвореници и процесот на испрашување и тортура низ кој поминале. Од овие жени, 57 поминале вкупно 8.350 дена во самица. 56 од нив се осудени на вкупно 3300 месеци затвор.


Мохамади првпат беше уапсена во 1998 година поради критикување на иранската влада. Таа помина една година во затвор. Во април 2010 година, таа беше повикана во Исламскиот револуционерен суд поради нејзиното членство во Центаот за бранители на човековите права.

— реклама —


Таа беше ослободена со кауција од 50.000 долари, но неколку дена подоцна беше повторно уапсена и задржана во затворот Евин. Нејзиното здравје се влошило додека била во затвор каде развила болест слична на епилепсија поради која повремено ја губи контролата врз мускулите. По еден месец била пуштена и однесена во болница.


Во јули 2011 година, Мохамади беше повторно судена и прогласена за виновна за „дејствување против националната безбедност, членство во Центарот и пропаганда против режимот“. Во септември таа беше осудена на 11 години затвор.


Како што тогаш изјави, за пресудата дознала преку своите адвокати и дека пресудата на 23 страници е „без преседан“, бидејќи нејзините активности во областа на човековите права постојано ги споредувале со обиди за рушење на режимот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања