Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пробиена ограда на аеродром во Германија, северната писта е затворена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj
Илустрација

Инцидент на аеродромот во Лајпциг, Германија, предизвикал прекин на воздушниот сообраќај на неговиот северен дел, откако во текот на ноќта била откриена дупка во заштитната ограда. Полицијата се сомнева дека непознато возило ја пробило оградата и влегло во аеродромскиот простор, во близина на паркирани руски товарни авиони „Антонов“.

— реклама —

Оштетувањето било откриено во саботата околу 23 часот, соопшти полицијата. Портпаролката Тереза Леверенц изјавила дека по инцидентот биле прекинати летовите на северната страна од аеродромот. Поради тоа, повеќе товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта, објави „Билд“.

— реклама —

„Многу е веројатно дека некое возило ја пробило оградата. Сепак, при ноќната потрага не беа пронајдени ниту возилото ниту неовластени лица во аеродромскиот простор“, изјавила Леверенц.

— реклама —

Потрагата продолжува, а северната писта останува затворена за воздушниот сообраќај.

— реклама —

Инцидентот доаѓа по настанот во август, кога истражителите откриле дрон наполнет со експлозив во близина на пистата на аеродромот. Германските претставници подоцна ја обвиниле Русија за тој случај, но Москва ги отфрлила обвинувањата, пренесува Ројтерс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9cpaulc96oieTa7GdC

Германија ги заостри казните за употреба на дрога за силување – најмалку пет години затвор

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarytkbi4kllf9kceO7EJTP

„Бош“ ќе укине уште 750 работни места во Германија до 2029 година

Свет | пред 1 ден

media-libraryo5htuaensgme5GzpmeM

Истекува азотна киселина од превртен камион во Германија, жителите добија наредба да останат дома

Свет | пред 1 ден

evra

Пензиите во Германија од јули 2027 година би се зголемиле за 4,09 отсто

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања