Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пробиени лавините кај Бигорскиот манастир, сообраќајот е нормализиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lavina

Сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај манастирот Св. Јован Бигорски од ноќеска околку полноќ е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти, соопшти Автомото Сојузот на Македонија. Трите лавини кои паднаа на овој пат ги расчистија екипи на Македонија пат, Општина Маврово и Ростуше и Бигорскиот манастир.

— реклама —

Поради интензивни врнежи од снег воведени се забрани за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар, Струга – Г.П. Ќафасан, планинските премини Пресека, Стража, Ѓавато, Буково, како и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.

— реклама —

фото: Социјални мрежи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања