Проблем е што постојано ги избираме некадарните да водат институции (Катица) – кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kirovski

Директорот на Телма со свој став околу аферата „Рекет“. Еве што на социјлната мрежа Фејсбук објави Атанас Кировски:

— реклама —

„Проблемот на ова општество не се само опскурни типови како Боки 13 околу кој се нареди на баци рака цел естаблишмент, и на кого му беше дозволено да води медиум на криминален начин. Поголем проблем е што дузина новинари со кариери и кредибилитет, свесно се ставија во улогата на негови општествени бодигарди за кеш.

Уште поголем проблем е што постојано ги избираме некадарните и потпросечните да водат институции (Катица) – кои кога ќе ги дочекаат своите 5 минути моќ, се обидуваат на најселски начин да ги ублажат своите провинциски фрустрации и неизживеаност.

— реклама —

Клучниот проблем е што не функционираат институции и судство. За да функционира рекетот, во орото биле фатени и Основен суд, и Апелација и Врховен…

Конечно, и секако не само заради овој последен пример, епилогот е дека нашите дедовци и татковци ни оставија подобра држава и институции. Ние на нашите деца им оставаме пепел. Ова е колективен срам за нас како генерација“, напиша Кировски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања